Британскиот премиер Борис Џонсон и сопругата очекуваат второ дете

борис џонсон кери симондс сопруга
ФОТО: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го очекуваат своето второ дете, пренесува „The Guardian“.

Кери објавила на својот инстаграм-профил дека имала спонтан абортус на почетокот на оваа година. „На почетокот на годината имав спонтан абортус, што ми го скрши срцето“.

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

„Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, но се чувствував многу нервозна. Плодноста може да биде болна тема за многу луѓе, особено кога на платформи како „Инстаграм“ може да изгледа дека сè е во најдобар ред. Ми беше вистинска утеха да зборувам со луѓе кои исто така доживеале загуба, па се надевам дека на некој многу мал начин споделувањето на ова би можело да им помогне и на другите“, напишала таа.

ФОТО: Прва фотографија од венчавката на Борис Џонсон: Премиерот бушав, а невестата со необичен стајлинг

Двојката се венчала во мај оваа година во тајност во Вестминстерска катедрала. Нивното прво дете, синот Вилфред, се родил во април минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот