Британскиот Парламент да го одобри договорот за Брегзит, очекува Меркел

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит, кој британскиот премиер Борис Џонсон го склучи со ЕУ.

– Јас на овој договор му давам многу, многу голема шанса да биде одобрен и во Велика Британија и тоа би било добро за сите нас – рече Меркел на собир на бизнисмени во Берлин.

Џонсон денеска ја доби најзначајната поддршка во предизборната кампања, откако Партијата за Брегзит на Најџел Фараж се повлече од трката на 317 места, сакајќи да помогне во победата на конзервативните кандидати и да ги спречи противниците на Брегзит да го контролираат следниот парламент.

Овој потег значително ги зголемува шансите на Џонсон да остане премиер и конечно да се спроведе резултатот од референдумот одржан во 2016 година, кога Велика Британија одлучи да ја напушта Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот