Британскиот министер за здравство смирува: Имаме над 2.000 слободни кревети за интензивна нега

Фото: EPA

Смртта на 657 луѓе во британските болници во саботата го зголеми бројот на починатите на 9.875.

Британскиот систем на јавно здравство (НХС) ја издржа пандемијата од коронавирус и има слободни 2295 кревети за интензивна нега, рече министерот за здравство Мат Хенкок.

„Денеска е мачен ден, што се однесува до влијанието на оваа болест, зошто им се придруживме на земјите со повеќе од 10 илјади смртни случаи поврзани со коронавирусот“, рече тој на конференција за новинари.

„На почетокот на кризата луѓето рекоа дека коронавирусот ќе го надвладее НХС. Го видовме ризикот кој тој го носи насекаде, но не и овде“, додаде Хенкок.

Хенкок истакна дека НХС има на располагање 9.775 респиратори и во борбата против коронавирусот учествуваат 5 илјади поранешни вработени во јавното здравство во Британија.

Додека порастот на бројот на смртни случаи од вирусот во Италија и Шпанија се на надолна линија, се е поголем стравот дека Велика Британија ќе стане земја со најмногу смртни случаи од вирусот во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот