Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка

Дејвид Фрост / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

 Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост синоќа објави дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи ја како причина „загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон”.

„Разочарувачки е што овој план стана јавен вечерва, и во дадените околности, мислам дека е правилно да напишам дека веднаш се повлекувам”, порача Фрост во писмото до Џонсон што го објави Кабинетот на премиерот.

Фрост, кој е поддржувач на Брегзит, ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Весникот „Мејл од сандеј” пишува дека заминувањето на Фрост е поттикнато со воведувањето дополнителни мерки против Ковид-19, кои вклучуваат пропусници за вакцини, како и поради општото незадоволство од даночната политика на Владата и трошоците за еколошката политика „нето нула емисии”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот