Британскиот милијардер Ричард Бренсон лансира нова ракета

Веќе постои динамичен пазар за мали и евтини сателити кои инжинерите настојуваат на евтин и флексибилен начин да ги испраќаат во вселената.

Британскиот деловен човек сер Ричард Бренсон планира овој викенд прво лансирање на својот нов вселенски систем, објави Би Би Си.

Вирџин Орбит со седиште во Калифорнија ќе испрати сателит во орбитата со помош на ракета која ќе се лансира од крилата на џамобо џет.

Космик Грл, авионот кој некогаш беше во состав на авионската компанија на Бренсон, Вирџин Атлатник, ќе ја носи ракетата наречена ЛаунчерУан, до височина од 10 километри и ќе ја пушто слободно да паѓа.

Четири секунди потоа, кога Космик Грл нагло ќе заврти десно, ЛаунчерУан ќе ги запали своите мотори и ќе почне да се искачува во орбитата, а сателитот ќе го отпушти по 32 минути.

Мисијата која ќе ја изврши над Тихиот Океан планирана е за утре наутро.

Ако ова помине добро, Вирџин Орбит планира набрзо да премине во комерцијални операции. Компанијата во својата фабрика во Лонг Бич веќе изработи ракета за втората мисија.

Веќе постои динамичен пазар за мали и евтини сателити кои инжинерите настојуваат на евтин и флексибилен начин да ги испраќаат во вселената.

Вирџин Орбит е една од бројните компании кои се натпреваруваат да ја задоволат нивната побарувачка. Меѓу другите се Рокет Лаб, кој своите летала ги лансира од копнената платформа на Нов Зеланда, но и десетици други мали ракетни стартапови во различни фази од развој.

Бренсон работата со лансирањето сателите првично ја планираше како дел од туристичките вселенски патувања познати како Вирџин Галактик, но на крајот одлучи да ги одвои проектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот