Британскиот мачор во чизми: Дејвид Бекам носи 5 броја поголеми чевли

Instagram
Instagram

Британската модна дизајнерка Викторија Бекам (46) се пошегува на сметка на својот сопруг Дејвид Бекам (45) затоа што носел чизми кои се пет броја поголемини од неговиот број на чевли и се фотографираше со него.

Имено, Викторија објави многу интересна фотографија со сопругот Дејвид на социјалните мрежи, што предизвика лавина коментари од нивните обожаватели и стана вирална.

Instagram
Instagram

Фановите цело време се шегуваа на сметката на Дејвид со коментари под фотографијата, на која тој носи големи чизми, а потоа им се придружи и Викторија, која не беше имуна на шегата.

Дејвид, се јави Голијат, тој сака да му ги вратиш неговите џиновски чизми, беа дел од коментарите на фановите кога фотографијата беше објавена на социјалните мрежи.

Од друга страна, имаше и такви кои беа загрижени затоа што Викторија изгледа како да „нема стапала“ или носи детски број на чевли поради долгите фармерки.

Викторија го спореди сопругот со Гастон од „Убавицата и ѕверот“, а сите нејзини следбеници се пошегуваа со оваа фотографија на свој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот