Британскиот актер за новата улога: „Три пати се отрув од цигари, страшно е кога треба да сте уверлив пушач пред камера“

Бенедикт Камбербач
EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британскиот актер Бенедикт Камбербач глуми во филмот „The power of the dog“ режиран од познатата режисерка Џејн Кемпион, која ги направи класиците како „The Piano“ и е сериозен кандидат за Оскар.

Тој за магазинот Buzfeed изјави дека една од потешките улоги што ги играл досега е онаа во филмот „Тhe power of the Dog“, затоа што во неа тој игра селанец кој постојано пуши тутун.

„Три пати се отрув со никотин. Навистина е страшно кога треба толку многу да пушите пред камера!“  – нагласува актерот.

Камбербач глуми сопственик на најголемиот ранч во американската сојузна држава Монтана. Како што раскажува глумецот, тој пушел нефилтрирани цигари и тоа го направил за целосно да влезе во ликот. Но, не само тоа, освен постојаното пушење цигари, тој и се откажал од регуларното одржување хигиена за да го донесе автентично карактерот на ликот што го глуми.

„Сакав луѓето во собата „да ме помирисаат“. Сепак, беше навистина тешко.“

Камбербач откри со нетрпение и малку трема го очекува продолжението на „Доктор Стрејнџ“ во 2022 година, во коешто повторно ќе се појави во главната улога.

Видео на денот