Британски универзитети во штрајк од декември

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

 Вработените во 58 британски универзитети ќе штрајкуваат од 1 до 3 декември поради незадоволство од пензиите, платите и условите за работа. Синдикатот на универзитетите објави датуми откако повеќе од 50 универзитети претходно гласаа за штрајкот.

Некои штрајкуваат поради пензиите, за кои се води спор речиси една деценија, по намалувањето на пензискиот фонд. Други се незадоволни од платите и условите за работа, бидејќи веќе подолго време нема зголемување на платите. Одлуката за штрајк значи нарушување на процесот на учење на учениците пред божиќниот период.

Синдикатите на универзитетите и колеџите рекоа дека властите не им оставиле друга опција, додавајќи дека ќе следат уште штрајкови доколку не се исполнат нивните барања, повикувајќи ги работодавците да седнат на преговарачка маса.

Сепак, Асоцијацијата на работодавачи на универзитетите и колеџите наведе дека штрајковите се „нереален обид да се обноват дискусиите за платите”. И организацијата на британските универзитети соопшти дека институциите ќе направат се за да не се попречи образованието на студентите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот