Британски „Тајмс“ тврди дека ТЕРЕЗА МЕЈ ќе поднесе оставка во ПЕТОК

Британската премиерка Тереза Меј, утре, петок, 24 мај, ќе поднесе оставка, објави британскиот дневен весник „Тајмс“ без да наведе извор.

Меј ќе остане премиерка додека не биде избран нејзин наследник во двостепен процес во кој двата кандидати ќе се соочат со гласањето на 125.000 членови на Конзервативната партија, го пренесува Ројтерс написот на британскиот весник.

Меј во вторникот соопшти серија компромисни решенија за Брегзит, меѓу кои и можност за втор референдум и привремено останување на државата во царинска унија со Европската Унија, како и обид за излегување од кризата настаната бидејќи парламентот го отфрлил договорот за Брегзит.

Нагласиле дека тоа е „последна прилика“ за пронаоѓање решение и одговор за Британците кои во јуни 2016 година на референдум гласаа за излегување од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот