Британски научници измислија нов модифициран инхалатор за борба против Ковид – 19

Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога доаѓа вирусна инфекција.

Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон смислиле нов инхалатор кој треба да им помогне на луѓето заразени со коронавирус да се изборат со него во раните фази на болеста.

Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога доаѓа вирусна инфекција, пренесува лондонски „Сан”.

Интерферон бета, кој го зајакнува имунолошкиот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можност за ублажување на симптомите на Ковид-19.

Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага против дејството  на коронавирусот, поради што научниците се надеваат дека треба да го спречи развојот на болеста до фатален исход.

Тестирањето на инхалаторите во домашни услови започна денеска, а наскоро ќе заврши и тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти.

Доколку овие испитувања се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерџен” оваа година ќе произведе милиони дози од овој лек, пренесува „Сан”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот