Британски кралски традиции и правила за мајките и бебињата што не сте знаеле дека постојат

кралско семејство 3
Фото: Профимедиа

Постојат многу правила во британското кралско семејство. Од раѓање, им се наметнуваат норми, како што се начинот на облекување, седење, јадење и „постоење“ во јавноста. Специјални правила важат за сите жени во кралското семејство кога станува збор за новороденчиња во семејството и за време на бременоста, пишува „MarieClaire“.

кралица елизабета
Фото: Profimedia

Мајките од кралското семејство мора да се придржуваат до одредени правила. А, додека целиот свет чека Меган Маркл и принцот Хари да ѝ ја претстават на јавноста малата Лилибет Дијана, некои шпекулираат дека веќе прекршиле некои правила.

Кралицата Елизабета треба прва да ги дознае среќните вести

Имено, кралицата Елизабета е првата личност што треба да дознае за бременоста или кога ќе се роди нов член на семејството. Принцот Вилијам дури користел шифрирана телефонска линија за да ѝ се јави на кралицата и да ѝ ги соопшти вестите кога се родил принцот Џорџ, пред да каже на кој било друг.

Profimedia
Фото: Profimedia

Полот на бебето се чува во тајност

Често, кралските семејства не го откриваат полот на своето дете – и ако го дознаат, тие дефинитивно не смеат да ги објават вестите јавно. Војводата и војвотката од Сасекс го следеа примерот на Вилијам и Кејт и не го открија полот на нивното прво дете. Сепак, тие го открија полот на второто дете и тоа за време на интервјуто со Опра Винфри со што ја прекршија традицијата.

youtube
Фото: Принтскрин / Youtube

Веста за бременоста се соопштува на 12-та недела

Општо земено, кралското семејство ја објавува среќната вест за доаѓањето на новиот член во јавноста околу 12-та недела од бременоста на мајката. Значаен исклучок направи Кејт Мидлтон кога беше бремена со принцот Луис и одлучи да го објави тоа порано од вообичаеното, затоа што страдала од тешка утринска мачнина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by God save the Queen (@love4theroyals)

Патувањата се ограничени

Кога се очекува принова, се ограничуваат патувањата на меѓународно ниво на членовите на кралското семејство, особено на мајката. Се разбира, тоа не значи дека патувањата се целосно забранети. На пример, Меган имала официјални кралски посети на Австралија, Нов Зеланд, Фиџи, Тонга и Мароко за време на нејзината прва бременост.

Чевли кои не ги откриваат прстите

Како општо правило, од припадничките на кралското семејство се очекува да носат чевли кои не ги откриваат прстите на нозете. Ова модно правило важи и за време на бременоста, без разлика дали идната кралска мајка се соочува со отечени стапала или глуждови.

Кралските бебиња не добиваат уникатни имиња

Кога кралските семејства разговараат за имињата на бебиња, тие обично се држат до традицијата. За разлика од Вилијам и Кејт, сепак, Хари и Меган биле флексибилни во изборот, бидејќи нивните деца се подалеку од линијата на сукцесија. Оттука тие го одбрале единственото и нетрадиционално име Арчи Харисон за нивниот прв син, а слобода имале и при изборот на името на нивната ќерка Лилибет Дијана.

меган маркл арчи хари лилибер
ФОТО: EPA-EFE/TOBY MELVILLE

Кралските семејства претпочитале раѓања дома

Од владеењето на кралицата Викторија, кралските бебиња се раѓале дома. Кралицата Елизабета ги родила сите нејзини деца во Бакингемската палата, со помош на тим од медицински персонал во импровизирано породилно одделение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by God save the Queen (@love4theroyals)

Денес, болниците се најпосакуваниот избор за породување

Принцезата Ана била првата жена која ја прекинала кралската традиција на породување во Бакингемската палата во 1977 година, кога го родила својот син, Питер Филипс, во болницата „Сент Мери“ во Лондон.

Планирањето на облеката за фотографија по породувањето е голема работа

Како што знаат сите што го следат британското кралско семејство, новите мајки во кралското семејство кратко по породувањето (некогаш и по само неколку часа) се појавуваат во јавноста. Големо внимание се посветува на облеката што ќе ја носи новата мајка. На пример, Кејт Мидлтон кога го роди принцот Џорџ, од болницата излезе во фустан со точки што потсетуваше на фустанот што го носела принцезата Дијана откако го родила принцот Вилијам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот