Британски конзервативци ја поддржуваат кандидатурата на Џонсон за генерален секретар на НАТО

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Истакнати британски конзервативци ја поддржуваат идејата Борис Џонсон да стане следниот генерален секретар на НАТО, но скептиците сметаат дека Франција најверојатно ќе стави вето на неговата кандидатура, пишува „Дејли Телеграф“.

Изданието забележува дека Џонсон е уште еден британски политичар за кој се зборува дека е во трка за функцијата.

Досега се споменуваа имињата на министерот за одбрана Бен Валас и поранешните премиери Тереза ​​Меј и Дејвид Камерон.

Конзервативецот Ричард Дракс, висок член на Комисијата за одбрана на Долниот дом, изјави за весникот дека ќе го поддржи Џонсон за лидерската функција во НАТО, доколку тој тоа го сака.

Следниот политички шеф на НАТО требаше да биде објавен во септември минатата година, но изборите беа одложени за една година поради војната во Украина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот