Британски епидемиолог: Повеќе ме загрижува делта сојот отколку новиот омикрон

делта сој
Фото: Профимедиа

Делта сојот на коронавирусот е поголема загриженост за Обединетото кралство отколку новооткриениот омикрон сој, смета Крис Вити, водечкиот британски епидемиолог.

Како што вели епидемиологот, владата на Борис Џонсон беше во право кога се одлучи за построги мерки, како што е суспензија на патувањата од шест африкански земји, со цел да се забави доаѓањето на новата варијанта во Велика Британија.

Меѓутоа, Вити предупредува дека секој обид за наметнување построги ограничувања може да наиде на противење на јавноста и сугерира дека загриженоста треба повеќе да се фокусира кон актуелната закана – делта сојот на коронавирусот.

Тој, исто така, нагласува дека новата варијанта не значи судниот ден, односно дека повеќе го загрижува опасноста што ја претставуваат постоечките варијанти на вирусот, нагласувајќи дека епидемијата на делтата сојот е главната работа што треба да не загрижува до Божиќ, пренесува Телеграф.

-Знаевме дека одвреме-навреме ќе се појават нови варијанти, но има многу што не знаеме и шпекулациите веројатно не се многу корисни, рече професор Вити на вчерашна панел дискусијата.

Џон Бел, еден од најистакнатите владини советници за вакцини и лидер на тимот што ја разви вакцината АстраЗенека, на панелот кажа дека новиот омикрон сој може да предизвика само течење на носот и главоболки кај оние кои биле вакцинирани.

-Иако новата варијанта можеби ќе може да избегне антитела, помала е веројатноста да избега од Т-клетките и другите делови од имунолошкиот систем кои обезбедуваат поширока заштита, рече тој.

Светската здравствена организација вчера и го додели грчкиот збор Омикрон на новоидентификуваната варијанта на коронавирусот, што се појави во Јужна Африка, нагласувајќи дека советничката група препорача тој да се означи како „загрижувачки”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот