Британски експерти: Не земајте „здраво за готово“ дека ќе имаме вакцина за коронавирусот

Велика Британија со рекорден број нови дневни случаи на Ковид-19/ Фото: МИА

Водечките научни советници во Велика Британија предупредуваат да не се зема „здраво за готово“ дека ќе откријат ефикасна вакцина против новиот тип на коронавирусот.

Говорејќи со премиерот Борис Џонсон на прес-конференцијата за медиумите, главниот научен советник, Патрик Валанс изјави: „нема гаранција дека ќе ja измислиме вакцината“, но додаде дека „постигнат е голем напредок“ во овој поглед, во различни земји.

На науката и е потребно време

-На науката и е потребно време. Не можеме да гарантираме кога ќе ги најдеме сите потребни решенија- рече водечкиот англиски лекар Крис Вити, додавајќи дека најверојатно досега околу 130.000 луѓе во Велика Британија, се заразиле, пишува Си-ен-ен.

Според резултатите од случајните тестирања, можеби 10 отсто од граѓаните на Лондон го прележале ковид-19, рече тој.

Предупредувањата на научниците беа поддржани и од британскиот премиер Борис Џонсон, кој денеска рече дека се надева оти Велика Британија наскоро ќе ја има вакцина за ковид-19, но дека тоа не е загарантирано. Тој истакна дека после 18 години се уште немаме вакцина против САРС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот