Британски доброволци во украинската армија обвинети за „платенички активности“ од страна на прорускиот суд во Доњецк

украински војници украина киев
Украинска армија / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Уште двајца британски доброволци во украинската армија, кои биле заробени од руските сили во април, прорускиот суд во Доњецк ги обвини за „платенички активности“, јави британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.

Станува збор за Дилан Хили и Ендрју Хил, кои во април биле заробени на контролен пункт во Украина.

Неименуван функционер на самопрогласената „Народна Република Доњецк“ изјави дека на двајцата Британци ќе им се суди за „платенички активности“, пренесе Тасс.

Оттаму се дознава дека и двајцата одбивале да соработуваат со истражителите од Доњецк.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со украинските власти во врска со нивниот случај.

„Ние сме во постојан контакт со украинските власти во врска со нивниот случај и целосно ги поддржуваме напорите на Украина да ги ослободи“, соопшти британското МНР.

Други двајца британски доброволци, Шон Пинер и Ејден Аслин, исто така, заробени од руските војници, минатиот месец беа осудени на смрт од меѓународно непризнатиот руски суд во Украина. Тие беа обвинети за истото дело за кое сега се обвинети Хели и Хил.

Европскиот суд за човекови права завчера побара од Русија да влијае да не дојде до извршување на казната, што официјална Москва го одби.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот