Британски десерт: Карамел коцки за убав ден

Карамел коцки
Карамел коцки / Фото: Profimedia

Карамел коцките се британски десерт, кој е совршена комбинација со првото утринско кафе или со филџан кафе во попладневните часови. Крцкавата смеса во комбинација со карамел со чоколаден ганаш наликува на чоколадите купени во продавница, но е многу повкусно.

Потребни состојки:

Бисквит:

  • 225 г путер
  • 70 г шеќер
  • 70 г кафеав шеќер
  • 1 голема жолчка
  • ¾ лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • 260 г брашно

Карамел:

  • 790 г засладено кондензирано млеко
  • 200 г путер
  • 200 г шеќер
  • 80 мл сируп од пченка
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка сол

Фил:

  • 340 г чоколадо
  • 120 мл шлаг
  • ½ лажичка екстракт од ванила
Карамел / Фото: Pexels

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и обложете го плехот со хартија за печење. Измешајте го омекнатиот путер, додајте шеќер и мешајте околу 30 секунди. Потоа додајте ги жолчката и екстрактот од ванила и мешајте ги додека добро не се соединат состојките. Постепено додавајте го брашното и, мешајќи, на половина додајте ја солта. Смесата мора да биде малку ронлива за полесно да се притисне во садот за печење. Ставете го тестото во садот и притиснете го рамномерно. Печете го од 20 до 25 минути, додека рабовите не добијат кафеникава боја. Оставете го да се излади додека го подготвувате карамелот.

Измешајте ги кондензираното млеко, путерот, кафеавиот шеќер и сирупот од пченка во средно тенџере и загрејте ги на средно висока топлина. Мешајте ги постојано додека не се растопи путерот и додека добро се соединат состојките. Кога смесата ќе зоврие, намалете ја топлината и варете ја со постојано мешање од 10 до 15 минути. Тргнете ја од оган и додајте ги екстрактот од ванила и солта. Рамномерно прелијте го карамелот врз подготвениот бисквит. Оставете да се излади на собна температура неколку часа или во фрижидер еден час пред да го додадете чоколадото.

Исечкајте го чоколадото и загрејте го заедно со шлагот во мало тенџере на средна температура. Мешајте додека не се растопи чоколадото и не се изедначи смесата. Тргнете го од оган и измешајте го со екстрактот од ванила. Оставете го чоколадото да се излади околу 5 минути, а потоа рамномерно распоредете го преку карамелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот