Британски бизнисмен се заканува: Ќе ја тужи Владата ако не се ублажат мерките!

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Бизнисменот собира поддршка за финансирање на трошоците на таа тужба, што се проценети на 30.000 фунти, за сега да се подигне на 125.000 фунти за да се однесе на суд.

Еден од најбогатите бизнисмени во Велика Британија, Сајмон Долан, најави дека ќе ја тужи Владата поради воведување „драконски” карантински мерки за кои смета дека ја уништуваат економијата.

Сопственикот на Јота Авиејшан, специјализирана авиокомпанија за чартери, го извести британскиот министер за здравство Мет Хенкок за неговата намера да ја тужи Владата во писмо од 22 страници.

Долан изјави за Гардијан дека карантинските мерки во Велика Британија се премногу рестриктивни и се во сила многу долго и дека е крајно време да ги ублажат. Поради оваа ситуација, премногу луѓе ги губат своите работни места, луѓето не можат да одат на лекување, има зголемување на самоубиства и семејно насилство, се кршат човековите права, нагласи Долан.

Бизнисменот собира поддршка за финансирање на трошоците на таа тужба, што се проценети на 30.000 фунти, за сега да се подигне на 125.000 фунти за да се однесе на суд. Досега се собрани 28.000 фунти од 815 донатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот