Британската влада со ново упатство: Ако сте ги изгубиле овие сетила, задолжително тестирајте се на коронавирусот

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Луѓето кои го изгубиле сетилото за вкус или мирис треба да се тестираат на коронавирусот, откако аносмијата станала третиот симптом на заразата која оправдува тестирање, е новото упатство на британската влада, пренесе Гардијан.

Нарушувањата на осетот за мирис вклучуваат аносмија (недостаток на осетот за мирис), хипосмија (ослабен осет за мирис), хиперосмија (зголемена чувствителност за мирис) и дисосмија/паросмија (изменет осет за мириси).

Отсега, аносмијата е третиот симптом на коронавирусот што ќе оправда тестирање, заедно со другите два основни симптоми, кашлање и висока температура.

Четирите главни медицински експерти во Велика Британија велат дека губењето на сетилата за мирис у вкус треба да бидат основен знак дека тестирањето е неопходно, дури и ако изостануваат останатите два симптоми, кашлица и висока температура.

Истражувањето на владините советодавни медицински групи НЕРВТАГ покажало дека меѓу 24 и 29 март, 59 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 кои се пријавиле преку апликацијата за следење на симптоми, доживеале губење на сетилата на мирис и вкус, додека такви симптоми имале само 18 од негативно тестираните.

– Комбинирано со други симптоми, луѓето кои доживеале губење на мирис и вкус имале три пати повеќе шанси да се заразени со коронавирусот, предупреди професорот Тим Спектор за Кралскиот колеџ во Лондон.

Пет ретки симптоми на коронавирус – oсип на прстите на нозете, главоболка и боцкање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот