Британската Влада ќе воведе карантин мерки за патниците кои доаѓаат од Белгија

Вестминстерската палата и Биг Бен, Лондон / Фото: Слободен Печат, Архива

Британската Влада ќе воведе карантин мерки за патниците кои доаѓаат од Белгија, поради зголемување на бројот на случаи на заразени со новиот коронавирус во таа држава, објави Дејли меил.

Се очекува министрите да ги одобрат карантин мерките на состанок што се очекува да се одржи наскоро.

Министерот за транспорт одби да ги коментира тие наводи на весникот.

Велика Британија веќе воведе 14-дневен карантин за патници од Шпанија и Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот