Британската Влада ќе субвенционира посети на ресторани

Британската Влада одлучи да покрена акција „Јади во ресторан, помогни му на ресторанот” и ќе ги субвенционира сметките на граѓаните за 50 отсто но најмногу до 10 фунти по посетител.

Акцијата ќе трае во текот на месецот и ќе се спроведува в понеделник, вторник и среда, деновите кога се најмалку посетени рестораните.

Целата на акцијата е да им се помогне на угостителите кои се справуваат со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72.000 угостиелски ресторани, но критичарите на мерката истакнаа дека треба да бидат исклучени рестораните со нездрава храна од државната интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот