Британската полиција нема да покрене истрага за шокантното интервју на принцезата Дајана од 1995 година

Profimedia
Фото: Профимедиа

Британската полиција во четвртокот објави дека нема да отвори истрага за шокантното интервју од 1995 година кога принцезата Дајана даде ексклузивно интервју на новинар на „Би-Би-Си“, а новинарот подоцна беше обвинет дека интервјуто го принудил со фалсификувани документи.

По темелната анализа и совети што ги добиваме, одлучивме дека нема да отвориме кривична истрага за овој случај“, изјави командантот на лондонската полиција Алекс Мареј.

Profimedia
Profimedia

Интервјуто, кое во живо го следеле скоро 23 милиони луѓе, предизвика лавина реакции затоа што принцезата Дајана, која почина во сообраќајна несреќа во Париз две години подоцна, во интервјуто тврдеше дека во нејзиниот брак се „тројца“, алудирајќи на врската на принцот Чарлс со Камила Паркер Боулс.

Кралската двојка одлучи да живее одделно во 1992 година, а во 1996 година и официјално решија да се разведат. Принцот Чарлс, британскиот престолонаследник, дискретно се ожени со Камила во 2005 година.

Profimedia
Profimedia

Дваесет и пет години од интервјуто, братот на Дајана, Чарлс Спенсер, го обвини новинарот Мартин Башир за фалсификување документи и дека токму на тој начин и го добил екслузивното интервју со принцезата. Тој тврди дека Башир му покажал банкарски докази, што подоцна се покажало дека биле лажни, како доказ дека разузнавачките служби плаќале две лица да ја шпионираат неговата сестра.

Да не ги видев тие докази, никогаш немаше да го запознаам Башир со сестра ми“, изјави Спенсер минатата година, барајќи одговорност за ваквите „нечесни“ постапки.

„Би-Би-Си“ во ноември минатата година објави дека ќе отворат независна истрага за интервјуто, а потегот беше поздравен и од принцот Вилијам, најстариот син на Дајана и Чарлс.

Во врска со оваа афера, како и за секоја друга, ако се појават нови важни докази, ќе ги разгледаме“, изјави британската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот