Британската опозиција НЕЗАДОВОЛНА од новиот предлог за Брегзит: ПОЛОШ е од договорот на Тереза Меј

Фото: ЕПА

Британските лабуристи не се задоволни со новиот договор за Брегзит и го сметаат „дури и полош“ од тоа што го постигнала бившата премиерка Тереза Меј.

„Не сме задоволни со овој договор и ќе гласаме против него“, порача во Брисел Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, најголемата опозициска партија во Британија, пренесува Ројтерс.

Корбин во соопштението навел дека „судејќи според тоа што го знаеме, изгледа премиерот (Борис Џонсон) договори уште полош договор од Тереза Меј, кој со големо мнозинство беше отфрлен“, наведува АП.

Велика Британија и Европската Унија се согласиле за новиот договор за Брегзит, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

„Таму каде што постои волја, има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и балансиран договор за ЕУ и Британија кој сведочи за нашата посветеност да се пронајде решение“, рекол Јункер.

Британскиот премиер исто така го потврди постигнувањето на договор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот