Британската кралица во недела ќе има ретко обраќање до јавноста

Кралицата Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Ова е дури четврти пат во текот на нејзиното 68-годишно влаеење  да им се обрати на граѓаните во текот на некоја криза.

Британската кралица Елизабета во недела во 21 часот ќе се обрати во живо од Бакингамската палата поради пандемиајта од коронавирус во земјата.

Бројот на смртни случаи во Велика Британија во последните 24 часа скокна за 684 и сега таму од коронавирус вкупно се починати 3.605 луѓе. Во земјата 38.168 лица се заразени, а 135 се опоравиле.

Обраќањето на англиската кралица е многу ретко, а ова е дури четврти пат во текот на нејзиното 68-годишно влаеење  да им се обрати на граѓаните во текот на некоја криза.

Првпат тоа го направи поради Првата заливска војна во 1991 година, потоа шест години подоцна поради погребот на Принцезата од Велс Дајана, а потоа во 2002 година по повод смртта на кралицата мајка. Последен пат во јавноста во живо се обрати во 2012 година поради Дијамантскиот јубилеј, односно прославата на 60 години на британскиот трон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот