Британската армија ангажирана болниците во Лондон: 200 војници испратени во лондонските болници, бидејќи немаат доволно персонал

лондон болница EPA-EFE/ANDY RAIN

Околу 200 припадници на британската армија се испратени во болниците во Лондон поради недостиг на медицински персонал, пренесува Sky News.

Имено, воените болничари ќе им помагаат на лекарите и медицинските сестри според системот NHS (британско јавно здравје) во грижата за пациентите, а останатите војници ќе пружат помош во болниците за да ги пополнат „дупките“ создадени од недостигот на медицински персонал.

Лондон болница EPA-EFE/NEIL HALL

Кралското училиште за медицински сестри (RCN) соопшти дека вклученоста на војската значи дека британската влада повеќе не може да негира дека има криза со здравствениот персонал во јавниот здравствен систем.


„Кога војската е ангажирана, владата веке нема ниту една друга опција?

„Премиерот и другите повеќе не можат да ги отфрлаат прашањата за способноста на персоналот на NHS да обезбедува здравствена заштита. „Штом армијата ќе биде ангажирана, каде на друго место може владата да се обрати за да го „потисне сегашниот бран?“, праша Патриша Маркис, директорка кралското училиште за медицински сестри

Лондон беше особено погоден од бранот на мутираниот омикрон вирус , а британското Министерство за одбрана соопшти дека ќе бидат ангажирани 200 војници во период од три недели, пренесува Sky News.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот