Британската амбасада со инструкции за англиските навивачи во Скопје: Внимавајте на женскиот тоалет на стадионот

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Еуфоријата за англиската фудбалска федерација ја обзема цела нација, a колкав интерес предизвика интересот за „Гордиот Албион“ најдобро зборува тоа што билетите за натпреварот се распродадоа за не повеќе од два дена.

На Арената „Тодор Проески“ се најавени и околу 2.000 гостински навивачи кои добија посебни инструкции од Британската Амбасада во Скопје.

На страницата можат да се најдат детални информации кои би требало да им бидат од корист. Од начин на подигнување на билети до начинот на кој треба да се однесуваат кон оние кои ќе им ги врачат картите, до начинот на кој треба да влезат на стадионот, што не можат да внесат внатре и кога ќе ги напуштат трибините по завршување на натпреварот.

Интересно е што се потенцира да внимаваат на женскиот тоалет во нивниот дел затоа што не бил добро означен. Исто така од Амбасадата испратиле барање тој проблем да биде решен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот