Британска учителка почина од коронавирус на својот 25-ти роденден

Во Велика Британија на својот 25-ти роденден од коронавирус умре ново квалификувана учителка.

Добротворната организација која и помогна на Клаудија Марш пред неколку години да се излекува од нарушување во исхраната ја опиша нејзината смрт како „изненадна и неочекувана“. Марш по победата над нарушувуањето на исхраната продолжи да волонтира за таа организација.

Клаудија Марш починала вчера во болницата „Royal University Hospital“ во Ливерпул, пишува Би-Би-Си.

Волонтирала и помагала за време на пандемијата

Нејзината мајка, Тина Марш напишала на Фејсбук дека Клаудија била „прекрасна ќерка и неверојатна сестра“ која несебично работела за хуманитарната организација „Talking Eating Disorders“ (ТЕДС) и за „The Whitechapel Center“.

Семејната пријателка Леј Бест рекла дека „Клаудија била многу посебна, драга и грижлива учителка“.

Од организацијата „Whitechapel Center“ каде Клаудија исто така волонтирала, соопштиле дека персоналот е „уништен“ додавајќи дека зад себе таа ќе остави „меморија на грижа за други, посветеност и ентузијазам“. Рекле дека таа голем дел од своето време и енергија вложила во обезбедување храна и облека за оние на кои тоа им било потребно за време на пандемијата.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот