Британска компанија која развива вакцина: Можеби ќе треба намерно да заразиме некои луѓе со ковид-19

Британската фармацевтска компанија минатата недела започна втора и трета фаза на развој на вакцини и бара околу 10.000 возрасни и деца во Велика Британија како доброволци за тестирање.

Главниот извршен директор на компанијата „AstraZenece“, која развива вакцина против коронавирусот на Универзитетот Оксфорд, изјави дека е премногу рано намерно да се изложат учесниците на проба со патогенот, но тоа би можело да стане опција доколку испитувањата наидат на препреки.

Британската фармацевтска компанија минатата недела започна втора и трета фаза на развој на вакцини и бара околу 10.000 возрасни и деца во Велика Британија како доброволци за тестирање.

Некои ќе треба да се заразат со вирусот

Одреден број на учесници во студијата ќе мора да се заразат за време на нивниот секојдневен живот, за прецизно да се прочитаат податоците во текот на студијата.

Таканареченото човечко тестирање е дискутирано од научниците како алтернативна опција, а дел од тој процес опфаќа и намерно инфицирање со вирусот на волонтерите кои ќе ја примат вакцината.

-Се тркаме со времето. Гледаме дека во Европа болеста веќе опаѓа- рече извршниот директор Паскал Сориот, на онлјан брифингот за медиумите.

-Многу наскоро нивото на заболување ќе биде ниско и ќе се отежне работата, затоа мора да работиме многу брзо, вели тој.

-Ако инфекцијата падне на ниско ниво, можеби треба да се земат предвид целните инфекции. Но, сметаме дека сега е премногу рано- додаде тој.

Се работи на повеќе од 100 вакцини, околу десет од нив се тестираат на луѓето

Компаниите и истражувачките институти во моментов работат на повеќе од 100 вакцини, од кои околу 10 се тестираат на луѓето, со цел да се спречи респираторното заболување за кое во моментов нема лек и од кое починаа околу 350.000 луѓе.

Сориот рече дека еден тим од Оксфорд, кој во април започнал со рано тестирање на вакцините врз луѓето, за да ја утврди безбедноста и имунолошките реакции, веќе започнал со споделување на првичните резултати.

-Треба да ги видиме резултати многу скоро- рече Сориот.

Универзитетот во Оксфорд соопшти дека истражување на вакцините може да трае помеѓу два и шест месеци, во зависност од тоа колку учесници ќе се заразат со вирусот во обидите на јавноздравствените институции да се спречат неговото ширење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот