Британска анализа: Доколку се воведат санкции, Европа ќе загуби многу повеќе од Русија

Руска нафта /Фото: ЕПА

Сериозни санкции за извозот на руска нафта и гас се малку веројатни, но доколку се воведат, Европа ќе загуби многу повеќе од Русија, пишува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на анализата на експертите од британската тинк-тенк организација „Вортекс“.

– Околу 34 отсто од увозот на сурова нафта во Европа минатата година дојде од Русија, а рафинериите во Италија, Холандија, Шпанија и Франција би биле најзагрозени доколку се прекине снабдувањето со тој енергетски ресурс – велат аналитичарите на „Вортекс“.

Според нивниот извештај, ЕУ не ја намалила својата зависност од руската сурова нафта во последните неколку години, а во најлош случај, на Европа ќе и биде многу потешко да ги надомести количините на нафта и изгубените нивоа поради прекините од Русија отколку да најде алтернативни купувачи или да го намали својот извоз.

Во екстремното сценарио, Европа ќе мора да најде излез за да избегне губење на околу 2,4 милиони барели дневно (според просекот од 2021 година) руска сурова нафта, се вели во извештајот.
– Ова изгледа како невозможна задача со оглед на моменталната ситуација со глобално ниските залихи на сурова нафта и намалената доверба на производителите на ОПЕК на Блискиот Исток во способноста да го зголемат производството – пренесува „Индекс“.

Се додава дека недостигот на руска нафта во Европа може да се влоши со недостигот на дизел гориво од Руската Федерација. ЕУ е најголемиот увозник на руско дизел гориво: во 2021 година, увозот од ЕУ сочинувал повеќе од 85 отсто од вкупниот руски извоз на тоа гориво, се вели во извештајот на „Вортекс“.

– Геополитичките тензии околу украинскиот конфликт меѓу Русија и не толку кохерентниот американско-европски конгломерат се вжештуваат, а зборот „санкции“ се повеќе се користи, но гледајќи ги податоците, јасно е дека позначајните санкции за рускиот извоз на нафта и гас е малку веројатно. Ако тоа се случи, Европа ќе загуби многу повеќе од Руската Федерација – стои во извештајот на експертите на „Вортекс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот