Британка е алергична на „силни емоции“: Премногу смеење, плачење или стрес можат да бидат фатални

Наташа Коутс
Наташа Коутс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Често слушаме дека треба да бидеме благодарни за „обичните“ работи, но истите често ги потценуваме. Една Британка е алергична на „силни емоции“ и објасни дека работи како смеење, плачење или прекумерен стрес за неа би можеле да бидат фатални. Ова е нејзината исповед, пренесува „Mirror“.

Наташа Коутс (27) има синдром на активирање на мастоцитите (MCAS). Мастоцитите се всушност белите крвни зрнца најпознати по нивната улога во алергиите, а гореспоменатиот процес се случува кога тие ослободуваат премногу супстанции во телото во погрешно време.

Кај Наташа сосема нормални појави во телото како смеење, плачење, но и прекумерен стрес – потење, може да предизвикаат сериозна алергиска реакција која може да биде опасна по нејзиниот живот. Таа откри како и се одвива животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb)

Кога била помала, Наташа, која е гимнастичарка и освоила 22 елитни титули во гимнастика во Британија, често била болна и имала чудни реакции на различна храна. Иако претпоставувала дека е само „чувствителна“, на 18 години го доживеала првиот анафилактичен шок.

„Бев на голем јавен настан кога наеднаш почувствував треперење, вртоглавица и ми беше тешко да дишам“, рече таа. „Ме однесоа во болница со полициска придружба и брзо изгубив свест. Лекарите ме уверија дека тоа е нешто што се случува, па мислев дека е во ред“, се присетува таа.

Сепак, во текот на следните две недели, таа имала уште осум реакции кои ја вратиле во собата за итни случаи.

Наташа изјавила дека долго време барала „специфичен тригер“, а во еден период јадела само одредени намирници поради што се „изобличила“: „Никогаш не знаев што ќе предизвика реакција. Дури и лекарите беа збунети“, таа рече.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb)

Конечно, по две години, на Наташа добила дијагноза. Сепак, ова не ја поедноставило нејзината ситуација.

Објаснувајќи го синдромот на активирање на мастоцитите, Наташа рече: „Кога убодот од коприва ви создава меурчиња кои ве чешаат, тоа е предизвикано од хистамин, хемикалија која доаѓа од мастоцитите. Во моето тело, овие мастоцити се преосетливи. Тие ослободуваат премногу хемикалии“, раскажа таа.

Дури и обичното ноќно излегување може да заврши катастрофално: „Еднаш премногу се смеев со друштвото, кога одеднаш почувствував дека ми отекува јазикот и грлото. Еден пријател повика брза помош, додека друг ми помогна да не се задушам. Пред да стигнам до болница, се онесвестив. Совршен крај на ноќно излегување“, се сеќава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb)

Иако денес користи одредени лекови и терапии, таа истакна дека нападите се случуваат речиси секој ден, а до денес била хоспитализирана повеќе од 500 пати.

„Кога ќе почувствувам дека почнува, се вознемирувам и се обидувам да го потиснам, инаку реакцијата е уште полоша – и така во круг“, објасни таа.

Оваа 27-годишна жена неодамна почнала да живее сама, а во секојдневните обврски ѝ помага лична асистентка.

„Имам и помошна технологија. Ако притиснам копче на часовникот, светлата на предната страна од мојата куќа стануваат црвени и се повикува брза помош“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb)

Освен на „емоции“, Наташа е алергична на спрејови за тело, средства за чистење, миризливи свеќи, но и многу други намирници. Како што откри, нејзините пријатели се исто така обучени за моментот кога ќе добие напад, но таа признава дека нејзиното семејство е исплашено бидејќи не знаат „која реакција ќе биде последна“.

Наташа и покрај стравувањето за својот живот, сепак, храбро се бори, а, како што вели, успеала и да се помири со својата состојба. Спасот го пронашла и во гимнастиката каде има освоено дури 44 медали од бројни натпревари.

Видео на денот