Британија: Запленета рекордна количина хероин во вредност од над 120 милиони фунти

Полицијата во Велика Британија запленила хероин во вредност поголема од 120 милиони фунти, кој бил сокриен помеѓу пешкири и бањарки, пренесува британската криминалистичка агенција.

Тоа е најголема количина дрога запленета во историјата на земјата.

Дрогата е откриена на контејнерски брод кој минатата недела пристигна во источното англиско пристаниште Феликсту. Агенцијата утврди дека хероинот бил на пат кон Антверпен.

Откако полицајците ја отстраниле дрогата, тие го вратиле контејнерот на бродот, кој продолжил кон Антверпен и пристигна во тој белгиски пристаништен град во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот