Британија во март со пад на БДП од 5,8 проценти

Банката на Англија предупреди дека економијата на Велика Британија е на пат да ја забележи најдлабоката рецесија досега.

Велика Британија го забележа најлошиот месец на економски план од 1997 година откако земјата забележа пад на БДП од 5,8 отсто, соопшти Канцеларијата за национална статистика.

Банката на Англија предупреди дека економијата на Велика Британија е на пат да ја забележи најдлабоката рецесија досега, предвидувајќи дека бруто домашниот производ оваа година може да падне за 14 проценти, а проекцијата ја заснова врз претпоставката за постепено олеснување на рестриктивните мерки во јуни.

Вонредната состојба во Велика Британија почна на 23 март, што значи дека целосното негативно влијание од пандемијата врз економијата најверојатно ќе се види во податоците за вториот квартал, пренесуваат британските медиуми.

– Речиси секој аспект на економијата беше погоден во март. Услугите и градежништвото забележаа рекорден пад во тој месец, а значителен пад е регистриран и во образованието, продажбата на автомобили и рестораните, изјави Џонатан Атов, статистичар на ОНС.

Падна и надворешнотрговската размена на Велика Британија, при што значително опадна увозот од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот