Британија со нови рестриктивни мерки: Полициски час за рестораните, казни за неносење маски, свадби и погреби со ограничен број луѓе

epa08688502 A handout picture made available by the UK Parliament shows Britain's Prime Minister Boris Johnson speaking in the House of Commons in London, Britain, 22 September 2020. Johnson spoke about new restrictive measures against the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT HANDOUT MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британија од понеделник воведува нови рестриктивни мерки поради големиот пораст на бројот на заразени и од „втор бран“ на вирусот кој почна, како што вечерва рече премиерот Борис Џонсон. За рестораните се воведува „полициски час“ и во 22 часот ќе мора да ја затворат смената, носењето маски е задолжително, а полицијата ќе може да побара воена помош ако биде потребно.

– Мора итно да дејствуваме. Правевме „штит“ околу Британија за да се врати земјата на нозе, но секогаш знаевме дека е реална можноста од втор бран. Како и многу други земји ја достигнавме таа точка, имаме илјадници нови инфекции дневно. Би сакал да кажам дека бројките растат дека повеќе тестираме, но не е поради тоа. Би сакал да кажам и дека сме постигнале „колективен имунитет“, но и тоа не е точно. Само 8 отсто од нас се имуни на вирусот. Драстично се шири меѓу оние од 20 до 29 години, но и другите старосни групи… – рече британскиот премиер во своето обраќање во парламентот и во јавноста.

Тој додаде и дека „бројките ќе продолжат да растат како што доаѓа есента и зимата“ и дека нови мерки мора да бидат воведени.

– Трансмисијата на вирусот е висока. Ова е момент да реагираме, рече тој.

Како што додаде, Британија нема да оди под „комплетен карантин“ како во март, но се воведува „правилото 6“.

– Училиштата и универзитетите ќе останат отворени, ќе обезбедиме повеќето бизниси да бидат отворени, но ги молиме оние кои можат да работат од дома, од дома и да работат. Жал ми е што ова ќе влијае на многу работи кои само што почнаа да застануваат на нозе – рече тој.

Како што истакна, во Британија од сега на свадбите и приемите ќе бидат дозволени максимум 15 луѓе, а на погребите до 30.

– Рестораните може да работат до 22 часот, изложбите, спортовите кои се играат внатре како и големите спортски настани од 1. октомври се забранети, рече тој.

Маските од сега се задолжителни за сите продавачи и услужни работници, како и за патниците во такси. Големите казни ќе бидат за сите оние кои не носат маски и за сите работодавачи кои не ги почитуваат мерките, истакна Џонсон.

– Здравјето на сите зависи сега од нашиот здрав разум. Овие мерки ќе траат околу 6 месеци. Засега овој вирус е дел од нашите животи и нашата борба ќе продолжи. Нема да ги слушаме оние кои сакаат траен „карантин“ туку воведуваме умерени мерки за да ги зачуваме животите и да ја зачуваме работата – рече Џонсон.

Тој истакна дека училиштата, универзитетите и црквите ќе останат отворени, дека градилиштата ќе работат и дека повеќето од британската економија ќе продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот