Британија прими рекорден број мигранти од Франција преку Ламанш во 2021

мигранти ламанш
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Рекорден број од над 28.000 мигранти преминаа минатата година со мали чамци преку Ламанш од Франција до Велика Британија, покажуваат британските владини податоци, пишува Франс24.

Додека трговците со луѓе ја користат ситуацијата и наплаќаат илјадници фунти за патување со небезбедни чамци, најмалку 28.395 луѓе пристигнале во Велика Британија, што е повеќе од трипати поголема бројка отколку во 2020 година.

Максимумот е достигнат во ноември, кога најмалку 6.869 луѓе пристигнаа во Британија, поттикнати од поволните временски услови. Рекордни 1.185 луѓе стигнаа до британскиот брег на 11 ноември во еден ден.

Ваквите премини за многумина завршија трагично. Најмалку 27 мигранти се удавија во Франција на 24 ноември, обидувајќи се да пристигнат со чамец, кој француските власти го споредија со детски базен на надувување. Меѓу нив, главно беа мажи, но и седум жени, 16-годишно и седумгодишно дете. Голем дел од жртвите биле ирачки Курди, но и ирански Курди, Авганистанци, Етиопјани, Сомалијци и Египќани.

Големиот број мигранти кои преминуваат во Британија од континентална Европа претставува политички проблем за британскиот премиер Борис Џонсон и неговата министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Приливот на мигранти, исто така, ги наруши британските односи со Франција, предизвикувајќи меѓусебно обвинување, иако и двете земји се обидуваат да ги уништат мрежите за трговија со луѓе.

Британскиот парламент моментно го разгледува владиниот закон за државјанство и граници. Тоа би значело примена на построги мерки против трговците со луѓе, но, што е спорно, и против самите мигранти. Ако биде усвоен, законот, на кој се спротивставуваат организациите за човекови права, ќе им овозможи на властите да ги враќаат барателите на азил кои поминале низ таканаречените „безбедни трети земји”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот