Британија од 17 мај на своите туристи ќе им дава ковид пасоши

Вестминстерската палата и Биг Бен, Лондон / Фото: Слободен Печат, Архива

Британските туристи од 17 мај ќе добијат ковид пасоши, под услов да ги примиле двете дози на вакцината.

Министерот за транспорт Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан”.

Луѓето кои ја немаат апликацијата ќе можат да побараат писмо од НХС, кое би го носеле со себе за време на патувањето.

Информацијата следи откако министерот Шапс откри „зелена листа” на земји каде Британците можат да одат на одмор – Португалија, Израел и Исланд.

„Денеска го одбележуваме првиот чекор кон претпазливо враќање на меѓународните патувања, со преземени мерки за заштита на јавното здравје и да се осигураме дека нема да се отфрли тешко освоената победа за која сите се стремевме оваа година”, рече министерот Шапс.

Тој додаде дека луѓето можат да очекуваат патувањето да биде малку поразлично ова лето – со подолго чекање на граница, во рамки на построгите мерки за спречување влез на нови видови коронавирус во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот