Британија ја одобри употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата.

Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра-Зенека.

Велика Британија ја намали побарувачката за оваа вакцина, која се дава во една доза, поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта.

Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините, а Владата потенцира „досега невидена брзина и обем на имунизација”.

– Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината), изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е одобрена во САД и Европската унија, каде што се забележани ретки случаи на згрутчување на крвта и се вршат анализи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот