Британија испраќа нуклеарна подморница во Заливот

Подморница / Фото: Архива

Британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, откако Иран заплени британски нафтен танкер.

Британски „Експрес” објави дека подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање разузнавачки податоци.

Подморницата од класа Астуте една од најновите, тешка е 7.400 тони, може да регистрира движење и пренос на глас до 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, а во неа како дел од екипажот се и специјалисти лингвисти.

Весниокот наведува дека фокусот ќе биде насочен кон иранското пристаниште Бандар Абас, во кое се наоѓа британскиот танкер „Стена Имперо” со 23 членови на екипажот.

Иран објасни дека на 20 јули британскиот танкер „Стена Имперо” бил запленет поради учество во судар со ирански рибарски брод. Британскиот танкер наводно, го оштетил рибарскиот брод и потоа не одговорил на повикот на малиот брод за тревога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот