Британија, Франција и Германија: Иран одговорен за нападите во Саудиска Арабија

Велика Британија, Франција и Германија доцна синоќа објавија дека Иран е одговорен за нападите на саудиската нафтна рафинерија на 14 септември и го повикаа Техеран да прифати преговори за своите нуклеарни и ракетни програми, односно регионални безбедносни прашања.

Преговори за нуклеарна програма

– Дојде време Иран да прифати долгорочна рамка на преговори за својата нуклеарна програма, како и регионални безбедносни прашања, што ги вклучува ракетните програма – стои во заедничкото соопштение на трите влади.

Соопштението е објавено по состанокот на претседателот Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Генералното собрание на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот