Британец сака да си ја ампутира ногата бидејќи не му дозволуваат да учествува на Параолимписките игри

epa07123089 Jeffrey Vroegop of the Netherlands (L) shoots during the Wheelchair Basketball Final between the Netherlands and the USA at the Invictus Games in Sydney, Australia, 27 October 2018. The Sydney Invictus Games, at which wounded or sick armed services personnel and veterans will compete, will run from 20 to 27 October. EPA-EFE/CRAIG GOLDING AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Џорџ Бејтс, репрезентативец на Велика Британија во кошарка во инвалидски колички сериозно размислува да си ја ампутира сопствената нога.

Бејтс смета дека е проморан на ваков радикален чекор поради неодамнешната промена воправилата со кој не му се дозволува да се натпреварува во овој спорт, а со тоа и да не може да учествува на Параолимписките игри.

Британецот боледува од Судеков синдром, односно комплексен синдром поради кој не може самостојно да оди и му е потребна помош, што од неодамна и новите правила не е „доволно“ за да се смета за параолимпиец.

– Оваа промена непријатно ме изненади. Регистриран сум како личност со инвалидитет веќе 15 години поради што новото правило ме уништи. Се откажав од се останато во животот за да можам да играм кошарка, тренирав десет години – изјави Бејтс за Скај.

Се се смени за Британецот поради правилата кои беа воведени во 2015 година, а кои досега меѓународната федерација за кошарка во инвалидски колични не ги почитуваше. Новите правила ги воведе Меѓународниот параолимписки комитет во јануари годинава се заканил на Федерацијата дека ќе бидат исфрлени како спорт од Параолимписките игри доколку не ги почитуваат правилата.

– Во јануари започнав процес да бидам рекласифициран и се се заврши во средата кога е објавено дека мојата состојба не е „доволна“ по новите правила, односно не смеам повеќе да се играм кошарка во инвалидски колички. Нивниот правилник не играничува бидејќи не ги зема во предвид голем број на инвалидитети – објаснува Бејтс кој открива дека на 14-годишна возраст можел да ги ампутира нозете, но одлучил да не го прави тоа.

– Тоа беше реална опција за мене кога бев млад. Кога ќе погледнам да тоа сега – жалам што не го сторив. Ќе ми ги олеснеше работите, но никогаш не мислев дека ќе бидам во позиција каде како парализирана личност нема да можам да играм спорт кој е наменет за луѓе со инвалидитет.

Тој најавува жалба, а доколку и таа му биде одбиена, подготвен е да ја ампутира ногата.
– Прво ќе поднесам жалба, а потоа има уште неколку работи кои можам да ги направам. Но, мора добро да размислам бидејќи тоа е одлука која не смее да се носи брзо – потенцира Бејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот