БРИТАНЕЦ ЈА ИЗБОДЕЛ СОПРУГАТА ПОСЛЕ СЕКС: Таа очекувала поклон, а добила нож во врат! (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Шон Меј од Велика Британија и рекол на својата сопруга дека има изнендување за неа и дека таа треба да брои од 10 наназад, а тогаш силно ја убодел во вратот што дури пукнал држачот на ножот, јавуваат британските медиуми.

Меј својата сопруга Лаура брутално ја нападнал во октомври минатата година, а дури сега бил осуден за обид за убиство.

34-годишниот Меј го негирал обидот за убиство, пренесуваат британските медиуми.

Откако имале секс, Шон и рекол на Лаура да лежи во кревет и да чека, бидејќи има изненадување за неа.
Лаура очекувала дека ќе добие поклон, но наместо тоа таа била брутално избодена меѓу вратот и рамењата.

Publiée par Shaun May sur Mercredi 1 août 2018

За среќа, преживеала, а на судот рекла дека биле во врска шест години и многу се сакале. Според нејзините зборови, таа тогаш го видела сопругот како држи два ножа и помислила дека ќе се убие.
Тогаш тој и признал дека ден порано истанал ебз работа и планирал да се убие бидејќи не знаел како ќе ја отплаќа хипотеката.

На крај ја однел жената во болница, каде таа рекла дека сама се повредила.

Болничарите, меѓутоа, сфатиле дека не ја зборува вистината, па повикале полиција. Мажот потоа признал дека тој ја избодел, но дека не планирал да ја убие.

Казната ќе му биде соопштена во октомври.

Publiée par Shaun May sur Mardi 3 juillet 2018

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот