Британец болен од коронавирус ја убил сопругата зошто му рекла да замине од станот

Фото: Andy Bullemor/SWNS / Profimedia

Хусеаин Егал е обвинет за убиство. Одреден му е притвор до продолжувањето на судењето на 14 мај.

Британец ја убил сопругата откако таа го замолила да се отсели зошто бил заразен од коронавирус

Хусеин Егал (65) е обвинет дека на 6. април во нивниот стан во Едмонтон, северниот дел од Лондон, со тежок предмет ја убил 57-годишна Мериан Исмаел во текот на самоизолација поради ковид -19.

„Била мртва веќе некое време, се здобила со тешки повреди“

Според записите од судскиот процес во градската судница во Лондон, загрижените соседи ја контактирале полицијата околу 18 часот таа вечер. Кога службениците стигнале на местото на настанот, ја пронашле Мериан Исмаил мртва и виделе дека се здобила со повеќекратни тешки повреди, пишува Сан.

„Кога полицијата стигнала во станот на осомничениот, ја пронашле неговата жена. Веќе некое време била мртва, а се здобила со тешки повреди. Осомничениот изјавил дека сопругата барала од него да се отсели зошто боледувал од коронавирус“; рече обвинителот Џонатан Полнај.

Хусеаин Егал е обвинет за убиство. Одреден му е притвор до продолжувањето на судењето на 14 мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот