Британец пред три години „олеснил“ штипска фирма, МВР сега му поднесува кривична пријава

Фото: илустрација

Британски измамник, кој пред речиси години на банален начин „собрал“ 11.000 евра од фирма од Штип, денеска доби кривична пријава од полицијата.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против K.K.K. од Обединетото Кралство Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Пријавениот, на 22.02.2022 преку е-маил порака до правно лице од Штип, испратил лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои правното лице на 24.02.2022 извршило плаќање во износ од 11.005 евра кон банкарска сметка на пријавениот, наместо на вистинскиот добавувач“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот