Британците жестоко го нападнаа Хамилтон откако објави видео на противниците на вакцината за ковид-19

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон се најде на удар на жестоки критики во Англија откако подели видео на Инстаграм со кое се противи на вакцинацијата, а беше прегледано дури 18.3 милиони пати.

Хамилтон го сподели видеото на Кинг Баха, кој во меѓувреме го „снема“ од сторито на возачот на Мерцедес, а во видеото милијардерот Бил Гејтс зборува за напредокот во откривањето на вакцина за коронавирусот.

Имено, Хамилтон сподели видео со ликот на Бил Гејтс под кој пишуваше „Се сеќавам кога ја кажав првата лага“, алудирајќи на тоа дека коосновачот на Мајкрософт го лаже светот за коронавирусот.

Актуелниот шампион откако го избриша видеото се извини на јавноста и се правдаше дека не го видел натписот под видеото.

„ Приметив некои коментари на својот пост за вакцината против коронавируст и сакам да разјаснам некои работи околу тоа бидејќи разбирам зашто беа погрешно протолкувани. Прво не го видов коментарот така што вината е целосно моја, но имам голем респект кон Бил Гејтс поради хуманитарната работа која ја прави. Исто така сакам да биде јасно дека не сум против вакцината и без сомнение таа ќе биде клучна во борбата против ковид-19. Се надевам дека вакцината ќе спаси човечки животи. Меѓутоа по гледањето на видеото, почувствував дека се уште постои голема неизвесност околу најважните нуспојави и како вакцината ќе се финансира. Не можам секогаш правилно да ги објавувам своите постови. Јас сум човек, но учам во од“, објави Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот