Британците загрижени за здравјето на кралицата Елизабета поради коронавирусот, таа ги одложи сите состаноци

Кралицата Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Кралицата Елизабета Втора ги одложи сите состаноци, за да постапи според пропишаните мерки за претпазливост поради коронавирусот.

Како што Бакингемската палата објави преку официјално соопштение, распоредот на кралицата е координиран со моменталните околности, а нејзините состаноци со премиерот Борис Џонсон ќе продлжат според планираното.

Истакнатиот водител Пирс Морган, поради тоа се загрижи за здравјето на кралицата, откако таа се состана со британскиот премиер Борис Џонсон кој пред неколку дена имаше прием на кој беше и членката на парламентот Надин Дорис, која е заразена со коронавирусот.

Морган стравува дека вирусот би можел да влезе во кралското семејство, бидејќи Елизабета имала директен контакт со премиерот во последните неколку дена, пишува „Експрес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот