Британците во шок од изгледот на новата девојка на Бруклин Бекам: Морничаво е колку личи на неа (ФОТО)

Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, има нова девојка која изгледа како двојничка на неговата мајка.

Станува збор за актерката Фиби Торенс, а кога велиме двојничка, буквално и го мислиме тоа бидејќи Фиби снимала кампањи во своите манекенски почетоци токму како Викторија Бекам.

„Со парите од тие проекти успеала да си го плати школувањето”, велат познаниците на парот за „The Sun”.

View this post on Instagram

Roses are red…

A post shared by 。✫*゚.✯ ゚⋆✰ ゚. ✮* (@phoebetorrance) on

„Од одредени агли таа морничаво наликува на Викторија. Некои пријатели веќе се шегувале со него на таа тема, но Бруклин ги отфрла сите тврдења за сличноста”, велат познаниците. Не им било потребно многу време на британските таблоиди да започнат да го споменуваат Едиповиот комплекс…

Оваа 20-годишна убавица има околу 39 илјади следбеници на Инстаграм, а доволен е само еден поглед на нејзините фотографии за да се воочи неверојатната сличност помеѓу неа и можеби идната свекрва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот