Британците први во светот вакцинираа половина од возрасната популација
Половина возрасни Британци примиле барем една доза вакцина против ковид-19, па така Велика Британија стана првата голема светска економија што го достигна тој праг.
Министерот за здравство Мет Хенкок на Твитер напиша дека бројката е достигната по рекордните 660.276 вакцинации во петокот.
„Вакцината е национална успешна приказна. Ова е нашиот излез“.
Израел е лидер во вакцинацијата на население, следен од Обединетите Арапски Емирати, Чиле и Велика Британија, додека инвеститорите внимателно следат кои економии би можеле да закрепнат први.
„Вакцината е национална успешна приказна и тоа е нашиот излез од оваа пандемија“, рече Ханкок, додавајќи дека е „воодушевен“.
Премиерот Џонсон исто се вакцинираше
Британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза на вакцината во петокот, примајќи ја вакцината АстраЗенека, која неколку европски земји привремено престанаа да ја користат оваа недела поради безбедносни проблеми или можни несакани ефекти на вакцината.
Дистрибуцијата на вакцини во Велика Британија е организирана од државната здравствена служба и кампањата за вакцинација е во тек, но властите неделава предупредија дека програмата за вакцинација може да се намали во април, поради доцнењето на пратките со вакцини од Индија и потребата да се преиспитаат некои серии во Велика Британија.
Велика Британија досега се потпираше на вакцините АстраЗенека и Фајзер.
Извор: Индекс.хр