Британците подготвуваат огромна привремена болница: Долга еден километар и 4.000 кревети, видете како изледа (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Еден британски работник на Фејсбук објави видео-снимка во која опишува како ќе изгледа изложбениот комплекс „Ексел центар“ во Лондон, кога ќе биде претворен во привремена болница за борба против коронавирусот.

Како што наведува „Гардијан“, работите за изградба на болницата започнале во средата наутро, а Алекс Вудсајд, кој работи на поставување на каблите, објави вонемирувачка снимка на моја може да се забележи како изгледа комплексот од 100.000 квадратни километри во кој, како што се наведува, ќе има 4.000 кревети.

Во снимката тој истакнува дека не сфатил колку е сериозна ситуацијата кога е во прашање коронавирусот, додека не ја видел болницата.

– Ако ситуацијата не ја сфаќате сериозно, како и јас што не го правев тоа, мислам дека навистина мораме да почнеме, бидејќи се подготуваат за апсолутна висока стапка на смртност тука – наведува Вудсајд.

Импровизираната болница во Лондон треба да ги прими своите први пациенти следната недела. Долга е еден километар, а за време на претворањето во болница на местото можеле да се забележат градежни работници, војска и медицински работници, пренесуваат британските медиуми.

– Тоа што го имате во центарот „Ексел“ е голем, отворен простор со струја, освлетлување и вода, санитарии, добра пристапност, но и очигледно можност за изолација – рече британскиот генерал Џен Грос.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок во вторникот рече дека болницата ќе се состои од две одделенија, од кои секое ќе има по 2.000 луѓе.

Во Велика Бритнаија се забележани нови смртни случаи од коронавирусот, соопштија здравствените власти, а вкупната бројка на починати е над 400 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот