Британците почувствуваа како е да не си во ЕУ: Ова не е Брегзит за којшто гласав

Жителите на Балканот се навикнати на вадење визи, меѓународни возачки дозволи, патни осигурувања, високи цени за роаминг, како и чекање во редови на аеродромите, гледајќи како патниците од ЕУ лесно поминуваат  на премините на кои изгледа како никогаш да нема метеж, пишува српски „Блиц“.

Сега, оваа ситуација се промени за жителите на Велика Британија, која неодамна излезе од Европската Унија. Дека Британците ќе го имаат истиот проблем како и Балканците, најдобро го покажува твитот на еден жител од кралството од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам кој стана вирален и многу споделуван на социјалните мрежи.

Имено, Британецот ја изрази својата фрустрација затоа што еден час чекал во редот за странски државјани за да влезе во Холандија.

Прочитајте и...  Стејт департмент: Руската медицинска опрема е купена, не е подарок (ВИДЕО)

– Ова не е Брегзит за којшто гласав. Апсолутно одвратна услуга на аеродромот „Шипхол“. Веќе 55 минути стоиме во редот за имигранти – напиша на Твитер Колин Браунинг.

Велика Британија и официјално ја напушти Европската Унија на 31 јануари, речиси четири години откако беше изгласан Брегзитот на референдумот во јуни 2016 година. Островската држава во моментов се наоѓа во транзициски период кој ќе трае до 31 декември, па Британците и понатаму можат да ги корстат предностите за жителите на ЕУ.

Прочитајте и...  Трамп: Мислам дека многу брзо можеме да постигнеме договор со Иран

Многу корисници на Твитер реагираа на објавата на Колин, кој привлече многу реакции.

– Всушност да, тоа е точно за она што гласаше. Тоа се нарекува слобода на движење со причина, а ти гласаше тоа да го завршиш. На крајот на краиштата, знаевте за што гласате – реагираше еден од нив.

„Не мислев дека напуштањето на ЕУ ќе значи оти ќе бидеме надвор од ЕУ“, се пошегува комичарот Џејмс Фелтон.

Сепак, на крајот, Брауинг доби одговор од надлежните на амстердамскиот аеродром дека застојот бил предизвикан поради технички проблеми, а не поради Брегзит.

Прочитај повеќе

Во светот веќе има над еден милион заболени од коронавирусот

Слободен печат

Уапсени пет белграѓани, измамиле Европејци за над 60 милиони евра

Слободен печат

Се затвори фабрика во Прилеп: Вработен бил во контакт со лице позитивно на коронавирус

Слободен печат

Намален бројот на примени пациенти на интензивна нега во Франција, за 24 часа 471 смртни случаи

Слободен печат

Ангеловска: Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање

Слободен печат

Најнови податоци за состојбата со Ковид-19 во светот до 20 часот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Србија: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

МИА Агенција

Заев: Подобро се справуваме од многу други поразвиени земји

Слободен печат

Цената на нафтата се зголеми по твитот на Трамп

МИА Агенција

Заев: Државата финансира 70 отсто од вкупните давачки на компаниите за плата

Слободен печат

Воената команда на НАТО во Европа се вклучува во напорите за спречување на Ковид-19

МИА Агенција

Агресивен маж удри стјуардеса по лице: Погледнете како патник се изживуваше во авион (ВИДЕО)

Слободен печат