Британците одбројуваат до вакцинирање против ковид-19: Првите дози ќе бидат пуштени од вторник

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија ќе биде прва земја чии граѓани ќе примат вакцина против ковид-19, а првите дози ќе бидат достапни од вторник и тоа прво во болниците, а потоа и во останатите здравствени институции.

Вакцина први ќе примат лицата на возраст над 80 години, здравствените работници, воспитачите и штитениците во домовите за стари и изнемоштени лица, соопшти Националната здравствена служба.

Британија минатата среда итно ја одобри вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“. Нарачани се околу 40 милиони дози, а бидејќи секому му се потребни по две, се претпоставува дека ќе бидат вакцинирани околу 20 милиони лица.

Првата недела ќе бидат достапни околу 800.000 дози, а вакцините се веќе пристигнати од Белгија и се чуваат на безбедни локации каде се проверува нивниот квалитет, соопшти британското Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот