Британците нема да можат да одат на фризер, во пабови или ресторани до 4 јули

Британците нема да можат да одат на фризер, посетуваат пабови или ресторани најрано до 4 јули, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

„Од 4 јули најрано, ќе ги разгледаме другите сектори, меѓу кои и услужните дејности, но и за лична нега, како фризерски салони“, рекол Раб за Скај њуз.

Тој рекол и дека оние кои не можат да работат од дома, од среда ќе можат да се вратат на работа и додал дека оваа скромна измена на мерки се однесува на градежништво и оние кои работат во производство.

Раб најавил дека комплетната листа на оние кои треба да се вратат на работа ќе биде објавена подоцна денеска, кога британската влада ќе ја објави и стратегијата од 50 страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот