Британците лани инвестирале повеќе во криптовалути, отколку во акции

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во Велика Британија, минатата година, седум проценти од возрасните граѓани инвестирале во криптовалути, додека пет проценти инвестирале во традиционални берзански средства и инвестиции засновани на капитал (ИСА), покажува истражувањето на британската инвестициска компанија AJ Бел.

„Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од крипто лудило”, смета Лаит Халаф, финансиски аналитичар во AЈ Бел, за резултатите од истражувањето.

Според таа студија, британските крипто-инвеститори се претежно мажи и под 35 години.

Повеќе од 70 проценти од оние кои изјавиле дека купиле криптовалути, рекле дека оствариле профит, додека 12 проценти објавија загуба минатата година. Во исто време, 17 проценти од испитаниците изјавиле дека не знаат дали оствариле профит или загуба со своите крипто инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот